Бразилско финале во Копа Либертадорес: Сантос ја прегази Бока (ВИДЕО)

Сантос закажа финале со Палмеираш во рамки на Копа Либертадорес или јужноамериканската Лига на шампиони. 

Бразилскиот тим синоќа ја прегази Бока Јуниорс со убедливи 3-0 на свој терен, откако првиот натпревар во Буенос Аирес заврши без голови. Диего Питука ја најави победата во првото полувреме, а работата ја завршија Јеферсон Сотелдо и Лукас Брага. Франк Фабра беше исклучен кај гостите откако беше поставен конечниот резултат. 

Сантос за прв пат по 2011 година ќе игра за најпрестижната клупска титула во Јужна Америка, а тоа ќе биде прво бразилско финале по 2006 година. Палмеираш во првото полуфинале го елиминираше вториот аргентински гигант Ривер Плејт.