Бразилецот Вилијан се враќа во Премиер лигата?
Според информациите на новинарот Пол Џојс агентите на Вилијан разговарале со Дејвид Мојс кој неодамна се врати на клупата на Евертон.
Мојс е во потрага по засилувања во зимскиот преоден рок за да обезбеди опстанок во Премиер лигата и Вилијан бил една од опциите.
Бразилецот е слободен од овој јануари откако ја раскина соработката со грчки Олимпијакос и е во потрага по нов ангажман.
Сепак, Вилијан има 36 години и е далеку од неговата најдобра форма, па прашање е дали Мојс има намера да му даде нова шанса на Островот.