Бразилец за малку ќе ја искинеше мрежата со „проектил“ од 35 метри (ВИДЕО)

Густаво Скарпа со неверојатен погодок од далечина му донесе победа на Палмеираш од 1-0 на гостувањето кај Гремио на првиот натпревар од четвртфиналето во Копа Либертадорес. 

Бразилецот погоди фантастично со шут од околу 35 метри и неговиот гол веднаш стана интернет-сензација.