Бразил нема да го смени легендарниот Анчелоти најмалку до 2030 година!
Челниците на „кариоките“ се исклучително задоволни од стручноста, авторитетот и искуството на италијанскиот стратег, кого го гледаат како идеален лидер за националниот тим на подолг рок. Поради тоа, Бразил не сака настапот на претстојниот Мундијал да биде последен со Анчелоти на клупата. И самиот стратег е мотивиран да ја продолжи соработката, импресиониран од талентот со кој располага бразилската селекција. Неговата цел е јасна – враќање на Бразил на самиот врв на светскиот фудбал, било на СП 2026, било на следниот ваков настан четири години подоцна.
Според информациите, двете страни веќе ги усогласиле клучните точки од договорот, а остануваат само технички детали пред официјалната потврда. Очекувањата се новиот договор да биде формализиран во текот на март.