Реваншот во финалето од Копа Либертадорес помеѓу аргентинските клубови Ривер плејт и Бока јуниорс на „Монументал“ во Буенос Аирес е одложен по нападот на гостинските навивачи пред стадионот.

Хаосот траеше со часови во Буенос Аирес, а полицијата мораше да употреби и гумени куршуми за да ги избрка хулиганите, а по „војната“ на улиците, сликата е многу тажна.

По инцидентите, како за фудбалерите, така и за навивачите, следуваше болно „отрезнување“ за тоа што се случуваше, па останува прашањето дали и вечерва ќе се игра натпреварот.