Бизарен проблем за Аргентинците: Тројца отпаднаа зашто не примиле вакцина против жолта треска

Тројца важни играчи се изоставени од составот на Аргентина за претстојниот пријателски натпревар против Ангола.

Станува збор за Хулијан Алварез, Џулијано Симеоне и Нахуел Молина, тројцата фудбалери на Атлетико Мадрид кои нема да можат да помогнат на овој дуел. Тренерот Лионел Скалони нема да може да смета на нив бидејќи не ги исполниле условите за вакцинација против жолта треска за влез во Ангола.

Одлуката е официјално потврдена на каналите на социјалните медиуми на тимот, со образложение дека играчите „не ги завршиле медицинските процедури“ потребни за натпреварот. Сите тројца беа стандардни во системот на Скалони и често се појавуваа во почетниот состав.

Без Алварез во нападот и без Симеоне и Молина на други клучни позиции, Скалони веројатно ќе им даде можности на играчи од поширокиот состав, но тука секако е Лионел Меси кој ќе биде главна опасност по противничкиот гол.