Бесценето: Новозеланѓани пеат хрватски песни и го слават финалето! (ВИДЕО)

Пласманот на Хрватска во финалето на Светското првенство е глобално изненадување, а најчесто се прифаќа како пријатно, особено ако имате некаква конекција со Хрватска. Таков е случајот со овие харизматични Новозеланѓани, чии пра-прадедовци дошле на островот од Хрватска пред повеќе од сто години.

Момчињава не личат дека потекнуваат од Балканот, ако судите по првиот впечаток. Нивниот изглед многу повеќе потсеќа на локалните староседелци во Океанија, но тие имале хрватски корени. Како инаку да се објасни оваа еуфорија и љубов кон Хрватска?

Победата над Англија и пласманот во финалето го прославија со неколку видеа, пеејќи патриотски песни на чист хрватски јазик. Еден од нив, дури, истрча среде една од најпрометните улици во Оукленд и го развеа хрватското знаме.