„Барселона го уништи Марадона, а требаше да го – заштити“

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој пред една недела почина во Буеноас Аирес на 60-годишна возраст, својата прва европска авантура ја имаше во Барселона, каталонската гордост која го донесе од Бока јуниорс, ама и првите „контакти“ на аргентинскиот виртуоз со кокаинот започнаа токму во Каталонија, а потоа кулминираа откако замрши во Неапол.

После смртта на големиот Диего, најголем дел бивши фудбалери, посочија дека лошото опкружување на аргентинскиот фудбалски Бог практично го „убиле“, а Бернд Шѓустер, еден од легендарните германски фудбалери откри дека сите проблеми на Марадона почнаа од Каталонија, а потоа само се продлабочуваа.

„Барселона наместо да го заштити, го уништи Диего. Претеруваа. Го прогонуваа, одеа секаде со него, не му даваа да дише. Тоа беше голема грешка на градот, на клубот, на сите нас. Не знаевме како да се грижиме за него“, вели Шустер, додавајќи: „Јас бев клсичен германски спортист, рано легнував и рано станував. А, Диего? Со него не беше така“, додава германецот кој ја делеше соблекувалната во Барса со аргентинската легенда.

Марадона и во низа лични сведочења низ годиниве објави дека преголемиот притисок во Барселона го турнала кон мрачната страна на животот, па првпат контактот со кокаинот бил во Каталонија, а потоа во Неапол сето тоа веќе стануваше голема завист, тука беа ноќниот бурен живот и блискоста со мафијата, која потоа го турна од работ на бездната после Мундијалот (излезе допинг-аферата).