Астон Вила се засилува со белгиски репрезентативец од 60 милиони евра

Екипата на Астон Вила би можела да го направи еден од најголемите трансфери на Островот ова лето.

Според последните информации, Астон Вила ќе плати сума од околу 60 милиони евра за трансфер на белгискиот репрезентативец Амаду Онана кој би потпишал договор до 2029 година.

Онана претходно се поврзуваше со екипи како Арсенал и Барселона, но изгледа дека Астон Вила била најконкретна.

Во Астон Вила, Онана би пристигнал како замена за Даглас Луиз кој се пресели во Јувентус и со него без дилеми тренерот Емери доби одличен играч.

Онана е фудбалер кој има само 22 години и во Евертон пристигна минатото лето за сума од 35 милиони евра и веднаш го покажа својот квалитет. 

Астон Вила е еден од најактивните клубови во Премиер лигата во овој трансфер период бидејќи овој клуб веќе ги доведе: Јан Матсен од Челси, Камерон Арчер од Шефилд, Илинг Жуниор и Енцо Баренчеа од Јувентус, додека Рос Баркли пристигна од Лутон за шест милиони евра.