Асенсио ја испрати Шпанија во финале на ЛОИ во Токио (ВИДЕО)

Шпанија се пласираше во финалето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио откако ја совлада Јапонија по продолженија со 1-0 и така обезбеди финале против Бразил.

Шпанија играше подобро во нападот во текот на првиот дел, но Јапонците одлично го бранеа нивниот гол и не дозволија да се затресе нивната мрежа.

Во вториот дел Јапонија се обиде преку Хајаши да постигне погодок, но сепак Шпанија успешно се одбрани. Во продолжение од дуелот Шпанија доби пенал, кој беше поништен по прегледување на ВАР-снимката.

„Црвената фурија“ во завршницата се закани уште неколку пати, но Јапонија беше на висина на задачата и го одбрани својот гол.

Во продолженијата беше решен патникот во финалето на ЛОИ во Токио, откако Марко Асенсио го постигна единствениот гол за 1-0 во 115. минута.