Арсенал остана без Светско клупско првенство, Салцбург влезе во одбрано друштво!

Светското клупско првенство ќе се одржи во 2025 година и на истото ќе настапат 12 тимови од Европа, а меѓу нив не е премиерлигашот Арсенал, иако имаше шанса да обезбеди место во одбраното друштво.

Според правилата, освојувачите на Лигата на шампиони (ЛШ) во последните четири сезони ќе бидат учесници, а тоа се Челси, Манчестер сити, Реал Мадрид и победникот од оваа сезона, а покрај нив директен пласман обезбедија и Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Борусија Дортмунд, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика и Јувентус.

Поради тоа што некој од сигурните тимови ќе ја освои ЛШ, стана јасно дека последен учесник на турнирот ќе биде Салцбург поради неговиот коефициент.