Аргентинскиот херој го пцуеше Ван Гал: Те зае*ав двапати, ку*ко една! (ВИДЕО)

Аргентинските фудбалери се пласираа во полуфиналето на Мундијалот во Катар по синоќешната победа на пенали против Холандија, меч кој беше премногу емотивен за нив и по кој на површина извадија неочекувани емоции насочени кон противничкиот селектор, Луј Ван Гал.

Прво Меси уште при прославата на голот за водство со 2-0 непримерно славеше пред искусниот стратег и целата холандска клупа (види ТУКА), а по средбата свое шоу имаше и херојот на „гаучосите“, голманот Емилијано Мартинез. Тој ги одбрани првите два пенали на противникот и беше најзаслужен што Аргентина се најде меѓу четирите најдобри селекции на СП 2022.

„Те зае*ав двапати. Двапати се е*ав. Ку*ко една“, се само дел од пцовките кои Мартинез ги упати кон Ван Гал.

Тој и официјалната изјава испрати порака до 71-годишниот тренер, но во многу поцензурирана форма.

„Слушнав дека Ван Гал изјавил дека Холандија ќе има предност ако се дојде до пенали. Мислам дека треба да ја затвори устата“, изјави по дуелот Мартинез.

Аргентинците во полуфиналето во Катар ќе ги одмерат силите со Хрватска, која неколку часа претходно, исто така на пенали, го елиминира Бразил.