Аргентина, Уругвај, Парагвај и Чиле сакаат да го организираат СП во 2030

Актуелниот светски првак Аргентина заедно со Уругвај, Парагвај и Чиле поднесоа кандидатура за организација на Мундијалот во 2030 година.

Во игра за тоа кој ќе го организира Светското првенство (СП) се и Шпанија и Португалија, а наскоро во трката се очекува да се вклучи и Саудиска Арабија.

Да потсетиме, Мундијалот во 2026 година ќе биде организиран во САД, Канада и Мексико.