Американците се посрамотија: Од цел состав на Англија го погодија само голманот (ФОТО)
На фотографиите и снимките кои брзо се проширија на социјалните мрежи се гледа бизарен список на кој дури 10 од 11 имиња се погрешни. Организаторите се „поиграле“ со имињата, па така седум играчи добиле комбинации од имињата на двајца различни фудбалери: Марк О’Рајли, Џон Конса, Маркус Стоунс, Џордан Гуехи, Морган Андерсон, Оли Кејн, Џед Белингем и Џарел Рашфорд,
Хари Кејн и Коби Мејну беа наведени само како Хари и Коби. Единствен кој немаше грешка и беше целосно напишан со име и преземи беше голманот Пикфорд.
