Уште еден клуб се вклучи во трката за Миовски: Абердин бара осум милиони евра

Според информациите на италијанските медиуми, екипата на Џенова е новиот клуб кој покажал интерес за ангажман на македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.

На Џенова и е потребен напаѓач кој ќе донесе голови во новата сезона, а наводно директорот Марко Отолини ја разгледувал можноста за доведување на Миовски.

Најавите од Италија се дека Џенова за услугите на македонскиот голгетер бара сума од осум милиони евра.

Изминатата сезона Џенова заврши на 11. позиција во Серија А, а летово клубот би можел и да ги продаде двајцата играчи од нападот Матео Ретеги и Алберт Гудмундсон.