![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/07/247995-so-srce-za-crno-belite-makedonski-reprezentativec-go-zasili-partizan-foto.jpg?itok=HvCD6pE4)
Со срце за црно-белите: Македонски репрезентативец го засили Партизан (ФОТО)
Левиот бек пристигнува во Белград на позајмица од рускиот Акрон Тољати до крајот на сезоната, со можност за траен трансфер за 200.000 евра. Димоски успешно ги мина медицинските прегледи и го стави потписот на договорот, со надеж дека ќе се наметне во составот и ќе остане подолго во клубот.
Фудбалската кариера ја започна во младинските екипи на Тетекс и Вардар, а во 2020 година се приклучи на Академија Пандев (сега Брера), каде стана стандарден првотимец во македонската Прва лига. Во репрезентативниот дрес дебитираше во јуни 2022 година, а досега има 18 настапи за Македонија.