Најголемот и најубавиот македонски стадион, сколската арена „Тодор Проески“ ќе биде во топ кондиција за историскиот бараж дуел на македонската фудбалска репрезентација против Косово, меч за пласман на ЕП кое ќе се одржи идната година.

Управата на стадионот целосно го затвори објектот по дуелот Шкендија-Тотнем, почна реновирање на теренот, освежување на тревата, со цел избраниците на селекторот Игор Ангеловски да имаат најдобри услови за дуелот што е закажан за 8 октомври. 

Ако Македонија успее да го мине Косово во полуфиналниот бараж дуел, во финалето оди на мегдан со подобриот од дуелот Грузија - Белорусија, меч кој ќе се игра на теренот на победникот од второто полуфинале.

Во последните 30 дена, на теренот на Арената се одиграа четири натпревари на македонските репрезентации (две играа сениорите, по една младинците и женскиот А- национален тим), дуелот за пласман во Лига Европа на Силекс, како и „шлагвортот“ Шкендија - Тотнем од истото натпреварување, а за домашни од македонското првенство го користеа и Вардар и Работнички. Оттаму и одлуката за затворање на стадионот, па затоа и црвено-црните и „романтичарите“ се „преселија“ алтернативни терени.