
Серафимов: Дури сега ептен жалам за поразот од Украина во Скопје!
Повеќе од солидна партија прикажа Никола Серафимов, кој по средбата имаше свое видување за средбата, но и за целите квалификации.
„Одигравме далеку подобро во дефанзивата во споредба со мечот во Италија минатиот петок. Штета што повторно примивме гол по прекин, ќе мора да го поправиме тој сегмент ако сакаме да имаме подобри резултати во иднина. Резултатот е добар, нека овој меч ни биде водилка за тоа како треба понатаму. Дури сега ептен жалам за поразот од Украина во Скопје. Навистина е штета да изгубиш после водство од 2-0, што психички нѐ разниша психички, а дебаклот во Англија нѐ докусури“, изјави Серафимов.