Саутгејт: Немаше пенал за Македонија, а теренот (ни) беше премногу тврд!

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, не се осврна многу на играта на своите избраници во вечерашното реми против Македонија (1-1) во Скопје, туку повеќе го коментираше судењето и состојбата на теренот.

Предводникот на „Гордиот Албион“ смета дека пеналот за нашата селекција не бил досуден правилно, но и дека неговите избраници покажале ментална сила.

„Игравме добро, целосно ја контролиравме играта, иако беше тешко да се игра зашто Македонците постојано се бранеа. Теренот не беше добар за да се направи завршното додавање. Тоа е нов терен и беше премногу тврд, поради што играчите имаа потешкотии при приемот и контролата на топката. Мислам дека тоа не беше пенал за противникот, но не би сакал премногу да ги коментирам одлуките на судиите. Во второто полувреме имавме многу шанси за погодок, моите избраници покажаа ментална сила “, рече Саутгејт на пресконференцијата веднаш по ремито против Македонија во Скопје.