Репрезентативецот Тодороски шест месеци во дресот на Серед

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски го напушти Раднички Ниш и сезоната ќе ја доигра во словачкиот фудбалски шампионат во тимот на Серед. 

Десниот бек договори шестмесечна соработка со словачкиот состав.

„Среќен сум што сум дел од овој клуб. Серед покажа многу квалитет во есенскиот дел од сезоната. Кратко време сум тука, но можам да видам дека има фантастичен тимски дух во соблекувалната. Сакам да му помогнам на клубот да ја оствари својата цел, а тоа е да се пласира помеѓу најдобрите шест екипи во лигата. Верувам дека можеме да го оствариме тоа“, рече Тодороски на својата промоција.

Фудбалерот, кој има 22 години дебитираше за македонскиот национален тим на дуелот против Ерменија во рамки на квалификациите за Светското првенство изминатата есен, кога влезе од клупата. Во минатото играше за Осијек, Шибеник, Вардар и Металург.