Поранешна легенда на Јунајтед ќе биде селектор на Азербејџан

Поранешниот ирски репрезентативец и легенда на Манчестер јунајтед, Рој Кин, најверојатно во иднина ќе ја извршува селекторската функција на Азербејџан, пишува „Сан“.

Според британскиот медиум, 48-годишниот стручњак е подготвен да се врати на тренерството по една година пауза, откако последниот ангажман му беше од јануари до јуни 2019 година, кога работеше како асистент на главниот тренер на Нотингем. Исто така се вели дека Ирецот е главен кандидат за преземање на Азербејџанците, но федерацијата сака да добие одговор од Кин во наредните 48 часа.

За време на неговата тренерска кариера, Кин успеа да работи како главен тренер во Сандерленд и Ипсвич, а беше асистент во Астон Вила, Нотингем и националниот тим на Ирска