Петиција за враќање на црвената боја на македонските дресови!

Само што ФФМ ги промовираше трите варијанти на новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со кои ќе дебитираме на Европското првенство, глупоста на векот што ја направија од куќата на фудбалот со бордо наместо црвен дрес и со трета варијанта црно-портокалов експресно наиде на жестоки реакции кај македонската јавност.

Не мина ни пола час од промоцијата на дресот, а веќе македонските навивачи почнаа да потпишуваат петиција за враќање на црвената боја на дресот на македонската репрезентација.

„Македонија на ЕП со старите дресови“ е петицијата која во моментов ја потпишуваат онлајн македонските навивачи, откако жестоко распукаа со изборот на боите и изгледот на дресовите со кои репрезентацијата ќе игра против Австрија, Украина и Холандија на континенталниот шампионат.

„Катастрофа, ништо карактеристично за Македонија, а имавме одличен и препознатлив дрес“, пишува еден навивач

„Со рис спуштен од гугл и бордо боја – катастрофа сте“, следеше втор коментар после промоцијата

„Ви требаше многу време за да го унаказите најубавиот дрес што сме го имале“, додава трет навивач.

Одлуката на ФФМ со новите дресови како глупост на векот ја крена цела македонска фудбалска јавност на нозе.

Петицијата која се потпишува во моментов е достапна на следниот ЛИНК.