Панатинаикос дава 800.000 евра за Велковски да дојде во Атина!

Грчкиот гигант Панатинаикос е подготвен да даде 800.000 евра за да го купи македонскиот репрезентативец Дарко Велковски од Риека, иако стоперот и наш првотимец во составот на Игор Ангеловски пред Еуро 2020 доби нов едногодишен договор во хрватскиот прволигаш.

Велковски е на кратопат каде да ја продолжи кариерата, зашто за него интерес после епската победа во германија покажа бундеслигашот Фрајбург, но српскиот стратег Иван Јовановиќ, кој седна на клупата на „детелинките“ сега по секоја цена сака да го купи Велковски и со тоа да го засили дефанзивниот ред на ПАО.

Велковски е втор македонски репрезентативец кој Јовановиќ сака да го донесе во Атина, зашто пред една недела грчки медиуми блиски до клубот објавија дека и Иван Тричковски е мета на ПАО, зашто Јовановиќ добро ги знае неговите квалитети од соработката во историските сезони со АПОЕЛ кога стигнаа и до четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Според информациите од Атина претставници на ПАО веќе го контактирале менаџерот на Велковски, но сето тоа сепак ќе се решава после настапот со Македонија на Европското првенство.

Велковски е дете на Работнички, кој потоа го засили Вардар и играше во историската сезона со црвено-црните во 2017 година, како клупска круна после настапот со младата селекција на Еуро 2017 во Полска, а сега круна на кариерата е настапот ЕП. Во 2018 година, Велковски ја засили Риека.