Одлична вест за селекторот: Елмас негативен на Ковид-19, ќе игра против Косово!

Екипата на Наполи нема последици од пресметката со ептен погодената со Ковид-19 екипа на Џенова, откако денешното тестирање на комплетниот тим покажало само негативни резултати.

Составот од Неапол официјално потврди дека ниту еден фудбалер и член на стручниот штаб не е заразен со коронавирусот, иако претив себе имаше дури шестмина играчи кои подоцна излегоа позитивни. И покрај ова, наполитанците за утре закажале и второ групно тестирање, на кое само сакаат да ги потврдат добрите резултати за да може без проблеми да продолжат со играњето натпревари.

Тоа воедно значи дека Елиф Елмас ќе може без проблем да му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски за претстојниот историски дуел против Косово, закажан за 8 октомври. Претходно, добра вест дојде и од таборот на Џенова, од каде што стигна потврда дека нема нови позитивни на Ковид-19, што автоматски значење дека и Горан Пандев ќе нема проблеми да го облече жолто-црвениот дрес во дуелот кон е претпоследна пречка за Македонија на патот кон Евро 2020.