Николов: Милевски ме разочара, ама нема да ме избрка од Македонија!
Ова беше причина за напади по социјалните мрежи и медиумите на сметка на селекторот Благоја Милевски, за кого многумина сметаат дека одамна требаше да биде сменет. Меѓу тие што изразија разочараност од работата на популарниот Сер Боби е и фудбалерот на унгарски Кишварда, Бобан Николов, кој не доби повик за изминативе две средби.
„И јас сум еден од разочараните репрезентативци поради односот на селекторот Милевски и тоа од повеке причини. Бев дел од селекцијата која оствари историски успех со пласман на ЕП на што сум посебно горд. Но, по доаѓањето на новиот селектор, со кого соработував како капитен на селекцијата до 21 година, очекувањата за успесите беа високи, но морам да го искажам личнито разоларување од Б.М. и тоа од повеќе аспекти. Селекторот изјави дека повик ќе добиваат играчи кои играат и имаат минутажа во своите клубови, но во мојот случај се докажува спротивното - кога не играв не добивав повик. но и кога играм пак не сум повикан“, разочарано ни раскажува Николов.
Поранешниот фудбалер на Вардар во продолжение ја раскажува конверзацијата со селекторот, а проговори и за тие што веќе искажаа револт од работата на Милевски.
„Во разговор со селекторот, тој ми соопшти дека не сум бил избришан од неговата глава зошто играм добро, но дека во моментов не сум бил дел од неговиот концепт. Интересно е што бев дел од концептот за големата победа против Италија во Палермо, што е навистина чудно. Се зборува дека сум бил дел од некаков клан составен од фудбалери кои во изминатиов период се повлекоа од репрезентацијата, па дека тоа било причина што не добивам повик. Не сум дел од никаков ‘клан’, до ден денес со сите мои колеги имам супер односи, јас сум дел од селекцијата што живееше како едно семејство и која оствари историски успех. Со Ристовски, кој јавно го искажа својот револт и мислење за селекторот, сум навистина близок, а со Аријан Адеми исто така приватно сум многу близок и се надевам дека и тој во брзо време ќе ја објасни причината за неговото повлекување од репрезентацијата“, дополнува Николов.
Повремениот репрезентативец на крајот потенцира дека ваквиот однос нема да ја намали неговата елба и реченост да игра за Македонија.
„Концептот и резултатите на селекторот нека ги суди јавноста, јас нема да се мешам, но само сакам јавно да го изразам моето незадоволсто и разочарување како играч кој бил дел од историските достигнувања на нашата репрезентација. Јас никогаш не се откажувам од Македонија, имам 49 настапи и на секој од нив сум го давал максимумот и сум го оставил срцето на терен. Се надевам на подобри денови за репрезентацијата, а во меѓувреме им посакувам успех и среќа на моите колеги“, завршува фудбалерот од средниот ред.
Николов сезонава одигра 22 средби за Кишварда на кои постигна три гол, а има и три асистенции. За Македонија досега на 48 средби реализира четири погодоци.