Навивачите на Лидс згрозени од неговиот нов клуб: Алиоски за нас е – мртов (ФОТО)

Социјалните мрежи во Англија денеска горат со бесни коментари поврзани со македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, а кои се резултат на информацијата дека ги договорил условите со турскиот прволигаш Галатасарај, со кого е прашање на време кога ќе потпише договор.

Причина за тоа не е желбата тој да остане на „Иланд Роуд“, со оглед што тој на почетокот од месецот се збогува со премиерлигашот со кого не најде заеднички јазик одолу продолжување на соработката, туку поради фактот што кариерата ќе ја продолжи во најомразениот клуб. Причина за ваквиот антагонизам на фановите на Лидс кон Галата е меѓусебната пресметка од Купот на УЕФА во 2000 година, кога двајца англиски навивачи биле убиени во Истанбул. Со потписот за Галата, пишуваат навивачите, тој занив станува мртов, а неговото наследство од играњето за Лидс – избришано.

Убиството се случило на плоштадот Таксим, а четворица навивачи на турскиот тим биле уапсени, а УЕФА им забранила на навивачите на Галатасарај да присуствуваат на реваншот во Англија. Алиоски оди по стапките на друга легенда на Лидс, Хари Кјуел, кој во 2008 година се пресели во Галата, по што беше жестоко нападнат од навивачите на Лидс, исто како и македонскиот репрезентативец денеска.