Надежите до 17 години убедливо поразени од Исланд
На денешниот натпревар, Исланѓаните беа подобар противник и на крајот заслужено се радуваа на трите бода.
Во првото полувреме Исланд постигна два гола во период шест минути. Мрежата на голманот Трајковски прво ја погоди Саеварсон во 30. минута, потоа и Олсен.
Не се промени сликата ниту по измените направени во второто полувреме, па Исланд со головите на Кристијансон и Дадсон стигна до убедлив триумф. Голот за утеха македонските фудбалери го постигнаа во 93. минута, а стрелец беше Иво Марковски.