МВР го затвори Кејот - пиво и мезе (ќе) има само за Англичаните (ФОТО)
Најголем дел од нив ги окупираа кафулињата што се наоѓаат на Кејот „13 ноември“ во склоп на Градскиот трговски центар (ГТЦ), каде што се веат англиски навивачки значиња со имиња на градови ширум оваа држава. Најверојатно со цел да не дојде до инцидент, нашата полиција реши да го затвори овој дел за македонските граѓани, кои не можат да ги минат полициските контроли поставени на двете страни од кејот крај реката Вардар. Ова значи дека пиво и мезе пред натпреварот во кафулињата во срцето на Скопје ќе има само за Англичаните, додека навивачите на Македонија ќе мора да бараат други локации за да се загреат пред вечерашниот дуел.
Полициските сили во центарот на Скопје од час во час стануваат побројни, видливи се дури и борбени возила и специјални сили, се со цел денот и вечерта да мине во спортска атмосфера без инциденти, со оглед на репутацијата која ја имаат англиските навивачи, особено по десетина кригли пиво во себе.