Милевски: Имаме уште работи да поправиме!

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша голем триумф против Црна Гора со 2-1, па сега има максимални шест бода по две кола во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Селекторот Благоја Милевски кажа дека е презадоволен по победата во Подгорица и кажа дека мора да напредуваат уште повеќе.

„Честитки за фудбалерите. Им посакувам уште подобри настапи. Фудбалерите максимално влегоа во мечот и успеаа да ја остварат целта. Имаме одреден дел недостатоци во играта, но тоа ќе го поправиме наскоро. Сега се фокусираме на следниот меч против Казахстан на домашен терен“, порача Милевски.