Мијатовиќ: Со цело срце ќе навивам за Македонија!

Една од најголемите легенди на Црна Гора, Предраг Мијатовиќ објави дека со цело срце ќе навива за Македонија, како и за Хрватска, на Европското првенство кое почнува денеска.

Мијатовиќ за српски „Блиц“ посочи дека селекторот Игор Ангеловски е негов пријател и една од причините што ќе навива за нашата селекција.

„Со цело срце ќе бидам за Македонија, чиј селектор е мој пријател и многу ми е драго што со својата екипа дојде до историски успех. Секако сакам и Хрватска да го повтори успехот од СП во Русија“, вели Мијатовиќ.