Меси му ја расипа „мајсторијата“ на Луис Суарез во судиското продолжение (ВИДЕО)

Репрезентациите на Уругвај и Аргентина одиграа без победник (2-2) на пријателскиот натпревар во Израел.

Иако Уругвајците на два пати водеа, со 1-0 и 2-1, сепак Лионел Меси не дозволи пораз, откако во 91. минута реализираше од белата точка.

ПРетходно, Кавани му донесе водство на Уругвај во 34. минута, Агуеро израмни на 1-1 во 63, а пет минути подоцна Суарез со „проектил“ од 25 метри повторно и донесе предност на својата репрезентација.