Македонија во Амстердам пред 12.000 гледачи – за навивачите влез само со негативен тест
Холанѓаните објавија дека на стадионот во Амстердам ќе има четвртина полн капацитет, но со надеж дека бројката може и да се зголеми ако епидемиолошката ситуација во земјата се стабилизира и дозволи зголемување на таа бројка, но бидејќи во овој момент не може да предвидат што ќе се случува со непредвидливиот ковид-19, одлучено е да се тргне до бараните 25 отсто од капацитетот.
Секој навивач што ќе сака да го гледа мечот на трибините ќе може да влезе само со негативен корона-тест, а допрва ќе бидат објавени сите безбедносни протоколи, за да се заштити здравјето на сите што ќе бидат присутни на стадионот.
Tenminste 12.000 fans in het stadion bij #EURO2020 in Amsterdam! Deze ambitie hebben de @KNVB, het kabinet en @AmsterdamNL gezamenlijk uitgesproken.
— OnsOranje (@OnsOranje) April 7, 2021
Een historisch toernooi, waar Nederland deel van uitmaakt. Daar hoort gewoon publiek bij te zijn. @2020Amsterdam pic.twitter.com/pzfYqTj8pl
„Прекрасно е ова дека ќе имаме мечеви од Евро 2021 со гледачи. Ова е историски турнир, во кој Холандија е дел и прекрасно е тоа што и властите и градоначалникот одобрија публика, а ќе ја има минимум 12.000 и континенталниот шампионат ќе може да биде вистинско доживување, но и безбедно. Јасно ни е на сите дека ситуацијата со коронавирусот е нешто непредвидливо, но ние сме оптимисти дека до јуни состојбата ќе се стабилизира и дека ќе можеме да имаме уште повеќе гледачи“, вели Гијс де Јонг, директорот на турнирот во Амстердам за Евро 2021.
Македонија со Холандија ќе се сретне на 21 јуни, а претходно ќе одигра два меча во Букурешт, на 13 јуни со Австрија и 17 јуни со Украина. Букурешт веќе објави дека ќе има 13.000 гледачи на мечевите од Евро 2021, но со посебни услови, сите навивачи да бидат тестирани и да имаат негативен резултат на денот на мечот, а странците, вклучувајќи ги тука и македонските навивачи, да не може да се задржуваат во градот повеќе од 48 часа.