Македонската фудбалска репрезентација стигна во Бугарија за стартот на новиот циклус и третата сезона во Лигата на нациите со задутрешниот меч во воведното коло во групата од Ц-дивизијата со источниот сосед.

Фудбалерите максимално самоуверени и расположени допатуваа во Бугарија со желба победнички да го стартуваат овој циклус во кој според рејтингот и според резултатите во последните нешто повеќе од година ипол сме фаворити на хартија, но тоа ќе треба црвено-жолтите да го потврдат на теренот. Целта е да се тргне триумфално, а во септември да се заврши оваа Лига на нации на првото место со што би обезбедиле Б-дивизија, бараж за Еуро 2024 година и евентуално трет барбан за евроквалификациите на ждрепката во октомври.

Македонија во Разград во домот на шампионот Лудогорец од 18 часот во четврток го почнуваа овој циклус, а во недела е второто гостување во Гибралтар, каде националниот тим ќе замине во петок преку Малага со чартер лет од Варна.