Македонија оштетена, судијата свирна сомнителен офсајд! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонија беше оштетена во финишот на првото полувреме во мечот против Словенија, откако му беше поништен погодок на Елиф Елмас поради сомнителен офсајд од страна на Бобан Николов.

Елиф успеа да ја погоди мрежата на Словенија за водство од 1-0, но судијата реши да го поништи погодокот, па се поставува прашањето дали судиската одлука е правилна во случајот.