Македонци, навалете! Романија дозволи двојно повеќе публика на ЕУРО!

На само четири дена до почетокот на Европското првенство романските власти донесоа одлука за зголемување на бројката на навивачи на „Националната арена“ во Букурешт. 

Наместо 25 отсто од вкупниот капацитет на стадионот, романската Влада даде дозвола да бидат дозволени 50 отсто од вкупниот број на седишта. Со оглед дека „Националната арена“ собира 55 илјади гледачи, тоа значи дека македонската фудбалска репрезентација ќе игра пред 27.000 публика на натпреварите против Австрија во недела и против Украина четири дена подоцна.

Ова секако се одлични вести за македонските навивачи, кои ќе имаат шанса да дојдат до повеќе билети за натпреварите на нашата селекција. 

„Владата вчера одобри натпреварите од Европското фудбалско првенство да се играат повеќе публика, односно дозволи 50 отсто од капацитетот на стадионот. Мислам дека ова е голем чекор напред и дека организаторите на турнирот ќе ги искористат овие бројки. Ова е историски настан, кој може да ја одбележи иднината на романскиот спорт. Би сакал и романскиот национален тим да направи историски чекори и да се квалификува за идните големи турнири. Го имаме она што ни е потребно, но можеби треба да смениме уште некои работи“, изјави министерот за спорт и млади на Романија, Едуард Новак.