Ќе ни треба помош од Полска за 3. место: Словенија едвај ја победи Летонија – со автогол

Селекцијата на Словенија ја победи евдај најслабата селекција во нашата група со 1-0 и тоа со автогол на Тарасовс во 53-та минута за да исчекорат кон третото место во овие евроквалификации, но шансите на Македонија за најдобар пласман остануваат без оглед на вечерашниот меч, но сега ќе треба во последното коло да нѝ помогне Полска.

Словенците во јуни ја растурија Летонија со 5-0, но вечерва ептен се измачија, па дури и стравуваа дека нема да победат, но Тарасовс со еден потег им ја олесни работата на Словениците за да победат против големиот аутсајдер, кој и по девет кола нема освоено бод.

Македонија вечерва игра со Австрија, а барем бод ќе ни ја олесни работата во трката за третото место, зашто со победа над Израел во вторник, на Словенија ќе ѝ треба триумф во Полска. Најдобра варијанта е победа и вечерва, но Македонија против големиот фаворит игра ептен десеткувана, а Австријците се апсолутни фаворити и бркаат заверка за пласман на ЕП.