Италијански медиуми: Алиоски во јануари ќе се пресели во Серија А!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, би можел веќе следниот месец да се врати во елитниот европски фудбал, откако за него пројавиле интерес од италијанската Серија А.

Според медиумите од оваа земја, популарниот Џани е желба екипата на Верона, каде што би требало да биде поддршка за Дарко Лазиќ во играта по левата страна. Алиоски на почетокот од сезонава, помалку неочекувано, реши да се пресели во Саудиска Арабија во екипата на Ал Ахли, по четиригодишниот настап во Англија во дресот на Лидс.

Претходно, тој беше член на Лугано, Шафхаузен и за младинскиот тим на Јанг Бојс, додека за Македонија има одиграно 54 средби со 12 постигнати голови.