И да врне и да вее, во Букурешт за Македонија - песна се пее! (ВИДЕО)

Како изминуваат часовите во пресрет на утрешниот, најверојатно решавачки дуел против Украина, за пласман во втората фаза на Еуро 2020, атмосферата во Букурешт повторно зоврива и покрај лошите временски услови и поројниот дожд.

Македонската фаланга повторно се најде во стариот дел од романската престолнина каде што, иако истураше, присутните навивачи на цел глас пееја македонски песни.
Македонија првиот меч на Еуро 2020 го загуби со 1-3 од Австрија, но утре од 15 часот на Националната арена во Букурешт ќе има шанса да извлече позитивен резултат против Украина.