Херцог: Бевме оптимисти дека можеме, а одигравме очајно!

Македонија вечерва славеше со 1-0 против Израел во последниот меч од квалификациите за ЕП, а со тоа мрдна од вечното четврто место, за да заврши како третопласирана во овој евроквалификациски циклус.

Селекторот на Израел, Андреас Херцог, австриска легенда, призна по мечот дека Македонија заслужено победи и дека Израел потфрлил, иако тој имал големи очекувања за мечот.

„Бевме преоптимисти, дека нападот ни е најсилно оружје, може да дадеме голови... Но, беше спротивно, имаве очаен напад. Македонија беше подобра. Во последните мечеви ни опадна квалитетот, немавме добри додавања и затоа загубивме, во баражот ќе мора да бидеме подобри“, рече Херцог.