Годината да се заврши со стил: Почнаа подготовките на фудбалската репрезентација (ФОТО)
Попладнево селекцијата се собра во Скопје, а вечерва во комплексот „Петар Милошевски“ го одработи првиот тренинг. Атмосферата секако е позитивнa што е последица на добрите резултати во претходните четири кола. Со оглед на тоа што двата меча се играат во Скопје, репрезентацијата ќе остане во својата база и во главниот град ќе се подготвува за двата меча.
На Македонија ѝ е потребен еден бод од двата последни меча за само формално да го завери првото место во својата група, со тоа и пласманот во Б-лигата на нации, но реално, веќе може да го слави преминот во повисок ранг. Сепак, за да го потврди одличниот впечаток од овој настап во Лигата на нации, а и да остане во игра за бараж за Светското првенство, желбата на сите во тимот е да се остварат две победи во финалните два меча.