Германски бундеслигаш сака да го купи Стефан Ристовски од Спортинг

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски, би можел кариерата да ја продолжи во силната Бундеслига. За неговите услуги е заинтересиран тимот на Волфсбург, кој очајно бара решение за десната бековска позиција.

Во овие моменти, 28-годишниот македонски интернационалец ги брани боите на Спортинг од Лисабон, а за него заинтересирани се неколку екипи, меѓу кои најпривлечен е германскиот прволигаш.

Според пишувањата на поедини медиуми од Германија, Волфсбург се очекува да испрати понуда до Спортинг за Ристовски во висина од четири милиони евра.