ФФМ попушти: Мрме не е избришан од химната за ЕВРО 2020!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја промовираше денеска химната „Одиме на Европско првенство“, на нешто повеќе од еден месец пред дебито на црвено-жолтите на Евро 2021.

После бурата од пред еден месец околу бришењето на селекторот Игор Ангеловски од стиховите на химната, кои ги открија Горан Пандев и Илија Несторовски, ФФМ очигледно попушти, па селекторот го има покрај сите други фудбалски херои во песната.

ФФМ денеска го промовираше и спотот за химната, која е дело на ВИС Рисови, а тие двапати ја испеаа на промоцијата пред комплексот куќа на фудбалот.

Официјална промоција на химната за претстојното Европско првенство на нашата репрезентација!💪🏻👏🏻🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Сега е наше време!

Posted by Skenderovski Produkcija on Friday, May 7, 2021



Фото: Скендеровски продукција