Фарски Острови доаѓаат во Скопје на пријателска со Македонија на 27 март!
Македонија на 23 март од 20.45 часот на Националната Арена во Скопје ќе го отвори новиот евроквалификациски циклус против Малта, а ден потоа Фарските Острови го играат својот меч против Молдавија, по што ќе дојдат во македонската престолнина за пресметка со црвено-жолтите за да се искористи празниот термин сооглед дека и двете селекции ќе имаат само по еден меч на стартот на квалификациите за Еуро 2024.
Дуелот со Фарските острови e закажан за терминот од 18 часот, а ова ќе биде прва пресметка на Македонија со Фараните во историјата зашто досега сме немале меч на сениорските репрезентации, за разлика од многуте во младинските категории.