Ерупција на Градски: Барди промаши пенал, ама пак ѝ донесе водство на Македонија (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација сензационално го почна последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024, откако во финишот од првото полувреме неочекувано поведе во пресметката со Англија, која пред само пет месеци катастрофално не совлада на „Олд Трафорд“ (0-7).

Стрелец на погодокот беше Енис Барди, кој остана присебен по промашениот пенал и од втора ја смести топката зад голманот Џордан Пикфорд, кој излезе поуспешен во првиот дуел.

Ударот од белата точка го добивме со помош од ВАР собата, по стартот на дебитантот Рико Луис со лакт во лицето на нашиот напаѓач, Бојан Миовски.