Димитриевски изоставен од тимот на Валенсија за гостувањето во Мадрид!?
Од „Местаља“ официјално велат дека голманот има полесна повреда и работи по индивидуална програма, многумина се прашуваат дали е ова своевидна казна за интервјуто што го даде во Македонија за време на репрезентативната пауза, во која објасни дека не брани бидејќи клубот сака да заштеди пари па го форсира неговиот конкурент кој е на позајмица од Атлетик Билбао.
Додека соиграчите се подготвуваа за еден од најкомплицираните натпревари во сезоната, Димитриевски не беше дел од групата што работеше со полн интензитет. Клубот најавува дополнителни лекарски прегледи во следните денови, но проценките се дека македонскиот голман речиси сигурно ќе го пропушти дуелот со Атлетико.
Валенсија се соочува со дополнителни кадровски проблеми. Хави Гера беше изолиран поради грип, Хозе Копете го прекина тренингот поради повреда, а дури и делумното враќање на Муктар Дијакаби не е доволно да го ублажи впечатокот дека клубот е во тешка ситуација.