Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, денеска ја направи првата прозивка пред стартот на подготовките за Европското првенство кое ќе се одигра идниот месец во Австрија, Шведска и Норвешка.

Поради тоа, селекторот Брестовац вечерва на првиот тренинг им даде одвразни раце на младите ракометари да се адаптираат на репрезентативните обврски кои следуваат, а воедно беа испробни и некои акции, кои рака на срце, се далеку според ракометните учебници. На првиот тренинг не се појавија искусните Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов… кои ќе се приклучат на 2 јануари.

Македонија на 25 и 26 декември во Србија ќе одигра два пријателски меча против Кувајт, а воедно ќе настапи и на „Трофеј Карпати“ на 28 и 29 декември. Прво ќе се соочиме со Алжир, а потоа со некој од Холандија и Русија, зависи од исходите на двата меча. По Нова Година, македонската репрезентација ќе отпатува на завршни подготовки во Словенија каде ќе одигра уште два пријателски меча.

Нашата селекција на ЕП за ривали во групата ги има Украина, Чешка и Австрија, мечеви кои ќе се одиграат во Виена, а првите две селекции од групата ги продолжуваат настапите.