Зидан веќе има фудбалер кој му кажа „да“

Откако по помалце од година дена Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид, се најавува револуција во кралскиот клуб, а Французинот веќе има спектакуларен фудбалер кој му дал одобрение за трансфер - Еден Азар.

Неколку засилувања се споменуваат кои треба да слетаат во Мадрид, но според шпанските медиуми Белгиецот Азар имал разговор со Зидан и му соопштил дека е подготвен да го засили кралскиот клуб.

Азар би требало да биде првото засилување за Реал во летниот преоден рок. Кралевите за неговите услуги ќе одвојат 130 милиони евра, а Белгиецот на тој начин ќе го исполни долгогодишниот сон.