
Зидан стартуваше со победа: Реал лесно до триумф над Селта (ВИДЕО)
Реал се мачеше во првото полувреме и никако не успеваше да ја затресе мрежата на Селта. Се редеа шансите пред противничкиот гол, но Марко Асенсио, Иско, Герет Бејл никако не успеваа да ја затресат мрежата.
Реализацијата стигна во вториот дел, најпрвин, Карим Бензема одлично асистираше до Иско, а овој ја смести топката во празната мрежа. Потоа и Бејл се запиша во листата на стрелците, откако повратникот во првиот состав Марсело одлично го проигра.
Реал во моментов е трет со 54 бода, Селта е во зоната за испаѓање, поточно на 18 место со 25 бодови. Во наредното коло „кралевите“ ќе ја пречекаат Хуеска, додека Селта ќе го пречека Вилјареал.