Зидан има шанса за сензација: Реал би можел да ја стигне Барселона во Ла Лига!?

Францускиот тренер Зинедин Зидан по неколку месеци пауза се врати на тренерскоот место во Реал Мадрид.

Зидан на крајот на минатата сезона го напушти „кралскиот клуб“ по три освоени трофеи во Лигата на шампиони, а тоа беше голем удар за Шпанците.

Реал Мадрид се соочи со очајни резултати, но сега се безбедни затоа што му веруваат на Зидан, а некои од навивачите сонуваат и за освојување на титулата во Ла Лига уште сезонава.

Иако звучи невозможно, зашто Барселона има 12 бодови предност, сепак Зидан има слично искуство. Кога првпат стигна на клупата, Каталонците исто така имаа 12 бодови повеќе, но Реал до крајот на сезоната стигна на само еден бод, па освојувачот на трофејот беше решен во последното коло.

Тогаш Барселона во гости го победи Атлетико и ја освои титулата во шпанскиот шампионат.