Жирона може да игра во ЛШ само под еден услов!
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) не дозволува ист сопственик да има два или повеќе тимови во исто натпреварување, па така „Сити Фудбал Груп“ ќе мора да продаде дел од акциите во шпанскиот клуб.
„Сити Фудбал Груп“ имаат 47 отсто од акциите во Жирона, а британски „Сан“ пишува дека УЕФА ќе ѝ дозволи настап на екипата во ЛШ само ако сопственикот продаде најмалку 17 проценти од акциите со кои располага во моментов.